септември 4, 2017

Охрид, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иако имаше неколку посоодветни локации, одговорните неодамна го преместија Градскиот пазар на паркингот кој е во непосредна близина.

Граѓаните веќе подолго време се жалат дека локацијата е несоодветна, хигиената е лоша, а при поголема гужва се создава вистински хаос. Ова беше особено изразено во текот на летните месеци, а слична е сликата и секој понеделник, кога е пазарен ден во Охрид.

Периодов наназад може да се забележи и друга пракса, односно уште еден „пазар“ пред самиот пазар на улицата која води кон стариот дел на градот. Дел од нашите сограѓани се приморани на овој начин „да го вадат лебот“, што треба да биде поука за одговорните во најкус можен рок да им обезбедат соодветни услови.

На овој начин само испраќаме лоша слика за градот пред туристите во текот на сезоната, отежнато е нормалното функцинирање на сообраќајот и е скоро невозможно на ваков начин да се обезбедат и минимум хигиенски услови за купувачите.

Погледнете како изгледаше овој дел од градот утрово.

pazarnatrotoar2 pazarnatrotoar3извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука