Лондон, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Новиот албум е полн со песни кои ќе Ве натераат да посакате да отскокнувате во воздух од возбуда, а истовремено малку да заплачете, го оценува албумот „Chasing Yesterday“ музичарот Ноел Галагер.
Членот на поранешните Oasis, додава дека подеднакво е нетрпелив за излегувањето на албумот, исто како и неговите обожаватели. Албумот официјално излегува на пазарот на 2-ри март. Содржи 10 теми.
Галагер додава дека новиот албум е доста емотивен, а таквиот начин на пишување на темите за него е „ најудобен начин на творење“.
– Има нешто во мене, едноставно како да можам целосно да бидам среќен. Како да се бунтувам против среќата. Албумот има меланхолични ирски звуци и ноти, наведува Галагер за новиот албум. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива