Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одличните Нокаут ја промовираа новата песна „Светлина во мојот тунел“, која е повторно заедничко дело на фронтменот на бендот Никола Перевски Пере на текст на Игор Џамбазов.
– Оваа песна е резултат на нашата страст и посветеност на музиката,а нејзината цел е да донесе светлина и позитивна енергија до сите слушатели.Веруваме дека вашата публика ќе се поврзе со нејзината порака и мелодија, вели Пере за новиот сингл.
Еден од најдолговечните но и најпопуларни бендови на македонската музичка сцена, групата „Нокаут“ работи успешно од далечната 1997 година и зад себе има огромен број хитови кои оставија трага во поновата македонска популарна музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21