јули 27, 2017

Охрид, 27. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сеизмографите ноќеска и утрово повторно регистрираа потреси во Охрид.

Првиот со јачина од 2.5 степени според Рихтер е евидентиран во 02:47 часот на 8 км од Охрид и на длабочина од 2 километри.  Претходно земјотрес е регистриран и во 02.16 часот со магнитуда од 2 степени на 3 км од Косел и на длабочина од 1 километар.

Последниот потрес е регистриран претпладнево во 09:37 часот со јачина од 2.5 степени, со епицентар 2 километри јужно од Косел.

Охридското тло се тресе веќе повеќе од еден месец, внесувајќи вознемиреност кај жителите и туристите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука