Ноќеска на кеј „Македонија“ е приведен државјанин на Австрија кој се однесувал агресивно
октомври 18, 2024

Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти октомври 2024 година, во 03:00 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е 49-годишен државјанин на Република Австрија.

– Тој, во видно алкохолизирана состојба, дрско и непристојно се однесувал кон случајните минувачи, а потоа и агресивно кон полициските службеници кои, пристигнале на местото и преземале службени дејствија. Против него е поднесена пријава по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука