Охрид, 25. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти и 25-ти февруари 2024 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои по 4 во Охрид и Струга, 9 во Кичево и 1 во Дебар. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 42