Охрид, 9. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми и 9-ти јуни 2024 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 16 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол од кои 8 во Охрид, 6 во Струга у 2 во Кичево. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 62