Охрид, 19. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите Борис Јаневски и Иле Маркоски деновиве на социјалните мрежи споделија прекрасно видео со подводните убавини на Охридското Езеро.
– Заедно со Иле Маркоски напраивме еден freedive session каде успеавме да фатиме убави кадри од Охридското Езеро. Покрај риби, краби, змии, јајца од гуски, го пронајдовме и реткиот езерски рак кој во осумдесетите години од минатиот век речиси исчезна, Ниту едно животно на видеото не е повредено, туку е снимано со мерак и почит, порачаа нуркачите.
Погледнете го нивното видео на нивниот профил на Facebook.
извор: ОхридПрес фото/видео: Борис Јаневски и Иле Маркоски
Прочитано: 38