Охрид, 27. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачот на Центарот „Акватек“ од Охрид Никола Паскали, на неговиот профил на Инстаграм објави фотографија од рачна бомба, снимена деновиве во водите на Охридското Езеро.
Според првичните информации станува збор за рачна бомба од германско производство, која датира од Првата или Втората светска војна.
Истата била снимена на длабочина од 13 метри и околу 400 метри од брегот. (Крај)
извор: Акватек/ОхридПрес фото: Акватек/Никола Паскали
Прочитано: 35