Охрид, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ оваа година на навистина невообичаен, но и атрактивен начин ја прославија Стара нова година.
Тие запалија василичарски оган во водите на Охридското Езеро, во Заливот на коските, кај Музејот на вода.
– Со ова сакаме на православните христијани им ја честитаме Стара нова година и Василица и се приклучуваме во организација на Охрид во празнувањето на претстојните празници Богојавленије Водици и Св Јован крстител – Денот на рибарите, порачуваат од „Амфора“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Амфора
Прочитано: 26