Охрид, 26. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“, традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид.
На овој уникатен начин, тие им ја честитаат Новата 2022 година и Божиќните празници на сите граѓани на Република Македонија.
– Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници, информираат од „Амфора“.
извор: ОхридПрес фото/видео: Амфора
Прочитано: 33