Охрид, 6. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид објавија интересно видео на нивниот YouTube канал, на кое се „дружат“ со јагулите во водите на Охридското Езеро.
Никола Паскали и Игор Булоски го направија видеото деновиве во водите на езерото над Стариот дел од градот, на температура на водата од околу 7 степени.
Членовите на „Акватек“ редовно спроведуваат бројни ЕКО акции за чистење на дното на езерото од „подароците“ кои неодговорни поединци меѓу нас секојдневно му ги „подаруваат“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: НЦ Акватек
Прочитано: 36