Хјустон, 06. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Њу Ингланд патриотс го направи најголемото изненадување во историјата на Супер боул мечевите, во последната четвртина губеа со 28-3 ,но се вратија, изедначија и во продолжението ја победија Атланта фалконс со 34-28.
Вистинската драма се случи во четвртата четвртина кога „патриотите“ на една минута до крајот на мечот израмнија на 28-28 по што следуваше продолжение.
Во продолжението Њу Ингланд постигнаа тач даун и триумфираа со 34- 28 со што ја освоија нивната петта титула. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: Time.com
Прочитано: 17