Скопје/Охрид, 22. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Обвинителството за гонење организиран криминал го врати запленетиот глисер поради осудениот Зоран Милески-Кически за случајот „Рекет“, јави порталот „А1он“.
Глисерот кој требаше да послужи како доказ во постапката против Кически е во формална-правна сопственост на охриѓанецот Марјан Грунчев
Од Обвинителството за „А1он“ потврдуваат дека глисерот е вратен, но не даваат информации која е поврзаноста меѓу Грунчев и Кически, како и, дали го испитувале потеколото на глисерот односно, како и со кои пари е купен. Глисерот во моментот кога беше запленет, беше огласен за продажба и чинеше 50 илјади евра.
– Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведување на сеопфатна постапка околу имотот на обвинетиот за кој покажувате интерес, издаде Наредба за враќање на запленетиот глисер на сопственикот, велат од Обвинителството.
Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)
извор: А1он фото: архива