Скопје, 24. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Јавното обвинителство се огласи со официјална информација и демант дека пратенциите од ВМРО ДПМНЕ, Крсто Мукоски и Сашо Василевски биле повикани на распит за настаните во македонското собрание од 27-ми април.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски во телефонски разговор за Телевизија 24 демантира дека е повикан на распит во Јавното обвинителство. Мукоски ни изјави дека информацијата дека денеска треба да седне пред обвинителите е шпекулација. Тој тврди дека не добил покана од Обвинителството и дека денеска нема да се појави во обвинителството.
Сомнежот врз Мукоски и Василевски падна откако во јавноста се појавија снимките од собраниските камери на кои се гледа како овие двајца пратеници ги отвораат вратите од главниот собраниски влез пред да влезе толпата која ги предизвика немилите настани. (Крај)
извор: ТВ 24 фото: архива