Скопје/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија, на вчерашната, 17-та седница соопшти дека Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на фекална канализација на дел од улицата „Кленоец“ и изградба на атмосферска канализација на дел од улицата „Кленоец“, Општина Охрид.
Планирано е набавката за реализација да започне во месец октомври 2024 година.
Помеѓу другите одлуки беше усвоена и информацијата за обезбедување финансиски средства за реализација на проектот: Изградба на главен колектор и станица за пречистување на отпадни води во селото Трпејца, Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид 1
Прочитано: 64