февруари 10, 2017

Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес е 41-от ден во годината. Сонцето изгреа во 06:31, а ќе зајде во 17:04 часот. Денот ќе трае 10 часа и 33 минути.

Денес времето во Охрид ќе биде облачно и релативно топло за овој период. Појава на слаба магла има по котлините додека пак погуста магла има на Попова Шапка и планинските превои Ѓавато и Плетвар.

Температурата на воздухот во Охрид денес ќе биде 4 степени.

Утре и во недела во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а преку ден ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од -2 до 5 степени, додека пак максималните без некое поголемо отстапување ,од 3 до 11 во сабота, односно од 2 до 10 степени во недела. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука