февруари 13, 2017

Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес е 44-от ден во годината. Сонцето изгреа во 06:27, а ќе зајде во 17:08 часот. Денот ќе трае 10 часа и 41 минути.

Оваа недела започнува со идентична временска состојба како и минатата. Веќе подолго време има појава на слаба магла и претежно облачно време со температури кои се над просекот за овој период од годината.

Денес времето во Охрид ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер, кој попладне ќе преминува во североисточен и северозападен ветер.

Температурите ќе бележат благо опаѓање,додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 степени.

Утре во утринските часови ќе има појава на слаба магла а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време. Максималните температури од 2 до 11 степени. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука