Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Општинското партиско раководство на СДСМ во Охрид вчера оствари средба со претставници од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Делегацијата од ОБСЕ ја предводеше Давид Луф, мониторинг офицер во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата гостите од ОБСЕ беа запознаени со тековните активности и проекти на разгранокот на СДСМ во Охрид и со плановите за идното партиско делување.
– Стана збор и за актуелните случувања и состојби од сферата на политичкиот и општествениот живот во нашата општина, а беа разменети мислења и ставови и околу актуелните политички случувања во земјата. Уште еднаш беше потврдена заложбата и од двете страни за одржување и продлабочување на меѓусебната соработка, во интерес на развојот на демократските и другите универзални европски вредности во нашето општество, информираат од Општинската организација на СДСМ во Охрид. (Крај)
извор и фото:СДСМ