март 22, 2017

Скопје, 22 март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Обука на работно место со сувенционирано вработување е новата мерка на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Невработените ќе посетуваат тримесечна обука кај познат работодавач, кој потоа е должен да ги задржи на работа уште шест месеци.

За оваа година,за ваквата нерка се предвидени 62 милиони и 40 илјади денари, а ќе бидат опфатени 440 невработени лица. Парите за обука и плата за нововработените ќе ги обезбеди Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Додека трае обуката невработеното лице ќе добива паричен надомест од 9.000 денари месечно, во кои ќе биде вклучено и осигурување.

По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време од кои 17.000 денари бруто плата за невработеното лице и 2.000 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.

Невработените лица и компаниите кои имаат потреба од отворање нови работни места, веќе од денес можат да аплицираат за мерката субвенционирано вработување.  (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука