мај 23, 2017

Охрид, 23. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – “Староруска азбука како молитва” беше темата на предавањето, кое се одржа во очи на утрешниот празник, посветен на светите браќа Кирил и Методиј.

Тие се творците на првата словенска азбука-глаголицата. Најголемата мисија која ја спровеле за ширење на христијанството и писмото била во Моравија.

Целта е да им покажеме на луѓето всушност колкаво големо богатство имаме, колкаво богатство се содржи во таа азбука, што ја имаме и нејзините сакрални смисли, истакна Елена Обухова од Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид.

– Идејата ни е да покажеме дека Св. Кирил и Методиј донесоа азбука од овде во цел православен свет и како се создаде црковно – словенскиот јазик кој досега е функционален, најмногу во Русија. Всушност целта ни е да покажеме како во текстот на азбуката се содржи една голема значајна молитва, рече Обухова.

Biblioteka2
Таа потенцира дека во сите јазици азбуката прилично се променила. Не е тоа којзнае колкава промена, но бројот на буквите во секој јазик е различен. Таквиот процес малку не оддалечи, иако јазиците се блиски, вели Обухова.

– Така во рускиот јазик од 41 буква од глаголицата, останале 33. Еве кај вас се останати 31 буква. Затоа е многу важно тоа да го научиме. Често се случува некој збор нам ни изгледа дека е друг, различен. Тоа е всушност истиот збор само една буква го променила значењето и воопшто не го разбираме како ист, подвлече Обухова.

ElenaObuhova
Во Русија се изучува старословенскиот јазик, покрај на факултетите, на огромно задоволство и во средните училишта во рамки на рускиот јазик.

Македонскиот и рускиот јазик се многу блиски по лексика, токму благодарение на старословенскиот јазик и на тоа што кај нас се зачувал во богослужбите. Обухова вели дека за нив се малку чудни турцизмите, иако ги има и во рускиот јазик, но дека им се доста полесни падежите, кои ги нема во македонскиот јазик.

– Токму тоа сакаме и да го покажеме колку сме биле исти во времето на прасловенскиот јазик и колку може да бидеме блиски сега, ако ја знаеме историја на јазикот, истакна таа.

Денешното предавање беше во организација на НУ Библиотека “Григор Прличев” и Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Охрид, а во чест на празникот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука