Охрид, 19. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и годинава ќе понуди богата забавна програма за време на новогодишни празници.
На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, со почеток во 20:00 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.
На 31-ви декември, во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите на Градскиот плоштад ќе уживаат во настапот на Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5. За забавата ќе се погрижат и Dj Gec и Dj Face.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес