септември 11, 2017

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат книгата на знаменитиот српски писател Бранислав Нушиќ „Покрај бреговите на Охридското Езеро“ чиешто прво издание е публикувано во Белград во далечната 1892 година. Ова издание на македонски јазик го преведе писателот Ристо Лазаров.

Станува збор за раритетна книга, со повеќе белешки со кое се опишува Охридското Езеро и околината. Во предговорот кон книгата самиот Нушиќ наведува дека најмногу се служел со советите и упатствата на Стојан Новаковиќ и Љубо Ковачевиќ, во тоа време академици.

Бранислав Нушиќ шест пати патувал по охридското крајбрежје и напишал книга записи која содржи драгоцени документи за животот во Охрид и охридско во тоа време, за разликите на Македонците од другите балкански народи, за етнографските и културно-историските вогатства на овој крај. (Крај)

извор: А1он фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука