октомври 25, 2019

Охрид, 25. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Познати наградените ученици на конкурсот што ЈУ Национален парк „Галичица“ го објави по повод денот на паркот, 25-ти октомври.

Учениците твореа на тема „Убавините на Национален парк Галичица“, а за инспирација ги користеа  нејзините пределски и пејсажни вредности, богатиот растителен и животински свет и нераскинливата врска на планината Галичица со Охридското и Преспанското Езеро. Секој ученик по слободен избор можеше да ја одбере техниката на својата ликовна творба.

  1. Наградени ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) се:

Прва награда – Константин Митрески II oдд., ОУ.„Григор Прличев“ – Охрид

Втора награда – Андреа Поповска IVодд., ОУ.„Браќа Миладиновци“ – с.Царев Двор, Ресен

Трета награда – Ристе Ристески IV одд., ОУ.„Св.Климент Охридски“- Охрид

Трета награда –  Бисера Златева III одд., ОУ.„Христо Узунов“ – Охрид

  1. Наградени ученици од предметна настава (шесто до деветто одделение) се:

Прва награда – Андреј Мешкоски VII одд., ОУ.„Св.Наум Охридски“- с.Пештани, Охрид

Втора награда – Марија Сандреска IX одд., ОУ.„Братство Единство“- Охрид

Трета награда – Теодора Каланоска IX одд., ОУ.„Кочо Рацин“- Охрид

Трета награда – Марија Тодоровска IX одд. ОУ.„Браќа Миладиновци“- с.Царев Двор, Ресен

  1. Пофалени ученици:

Мартин Маслов II одд., ОУ.„Св.Климент Охридски“- Охрид

Бисера Карадакоска II одд., ОУ.„Григор Прличев“- Охрид

Кристина Радевска IX одд., ОУ.„Славејко Арсов“- с.Подмочани, Ресен

Изборот на наградени го вршеше комисија составена од еден надворешен член, наставник по ликовна уметност и еден член вработен во Јавната установа Национален парк Галичица.

На 1-ви ноември во просториите на ЈУНП „Галичица“ во рамките на настанот на промовирање на новата веб страна и мобилната апликација на паркот ќе биде и доделувањето на наградите. Ќе бидат наградени 3 творби од одделенска настава и 3 творби од предметна настава. Наградените ќе добијат пакети со сувенири и обелжја од Националниот парк Галичица, во согласност со освоеното место. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука