Струга, 5. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата распишаа конкурс за доделување на наградата “Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга меѓу два фестивали.
Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик. На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик. Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.
Пријавените поетски книги треба да се првообјавени на македонски јазик во периодот од 1-ви јуни 2016 година до 31-ви мај оваа година и да не бидат претходно објавени на друг јазик.
Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса на Манифестацијата “Струшки вечери на поезијата”.
Конкурсот е отворен до 20-ти јуни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива