Охрид, 16. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Долгоочекуваниот, постхумен албум на легендарниот американски рапер Juice WRLD, „The Party Never Ends“, пристигнува како безвременска прослава на уметникот и спојува музички легенди како Еминем, Fall Out Boy, Nicki Minaj, Offset и The Kid LAROI.
Албумот е придружен со спот за песната „Misfit“ кој ја доловува суштината на младите фанови кои најдоа засолниште во музиката на Juice WRLD.
– Гледајќи наназад, сфаќам дека овој албум во извесна смисла е пророштво за она што требаше да дојде подоцна. Кога порасна и стана Juice WRLD, со својата музика влијаеше на луѓето ширум светот. Неговите стихови беа искрени и зборуваа за предизвиците што ги имаше со неговото ментално здравје и зависност, изјави неговата мајка Carmela Wallace.
Во април 2020 година, таа го претстави фондот Live Free 999, кој покрај донации од продуцентската куќа Grade A и Interscope Records, добива поддршка и од индивидуални донатори. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива