Охрид, 13. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утрешниот ден, 14-ти април ќе биде работен за учениците во основните и средните училишта.
Наставата ќе се реализира со распоред на часови од петок.
Ова е последна сабота што ќе се одработува во оваа учебна година. На тој начин се задоволува законската одредба за настава реализирана во 180 работни дена, информираат од Министерството за образование и наука. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23