Охрид, 7. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Долги аплаузи, овации, задоволна публика, ваква беше атмосферата синоќа и по двете изведби на хит комедијата „Не се клади на Енглези“ на МНТ.
Големата сала во Центарот за култура беше исполнета до последно место, со оглед на тоа што влезниците и за двата термини беа експресно распродадени.
На маестралната изведба и актерска игра на Александар Микиќ, Сашко Коцев и Оливер Митковски никој не остана рамнодушен.
Комична, но и поучна претстава, која го третира феноменот „спортско обложување“, како начин за брза заработка. Покрај комичните моменти, низ претставата може да се види и до каде оди човековата себичност и искреното пријателство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 35