Струга, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – тТелото на 39-годишниот Ф.Ш. од Пешкопеја, Република Албанија било пронајдено во комбе паркирано во атарот на струшкото село Ливада.
Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот, кај местото викано „Бело Губе“, извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица од Струга.
Притоа, било утврдено дека Ф.Ш. бил ангажиран кај Д.Р. од селото Ливада како овчар, а комбето го користел како преноќиште. Во комбето била пронајдена плинска греалка која се користела за затоплување на истото. По наредба на Јавен обвинител, врз телото била направена обдукција, при што e констатиранo дека Ф.Ш. починал од труење со јаглено-моноксид.
Телото на починатиот, по обезбедување на потребната документација за транспорт во Република Албанија, ќе биде предадено на семејството. (Крај)
извор: МВР фото: архива