Охрид, 14. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Уживајте и ширете љубов!
Ова е пораката со која Огнен Здравковски ја објави новата песна „Пекол и рај“, зад која како автори стојат негови колеги. Музиката е на Александар Тарабунов, текстот на Зоран Зонде Стојановски, а Димитар Андоновски, освен за аранжманот, се погрижи и за миксот и мастерингот.
– „Пекол и рај“ е песна која стилски е многу поразлична од сето она што го имам снимено досега. Со Тара, Диме и Зонде се дружиме приватно, се разбираме, се познаваме и тие ми направија песна каква што одамна посакував, вели Огнен.
Додава дека веќе работи и на нов материјал, кој постепено ќе го презентира пред јавноста во годината која е пред нас. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива