ноември 20, 2017

Струга, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 04:00 часот, три маскирани лица извршиле разбојништво над двајца вработени во бензинска пумпа на регионалниот пат Струга – Велешта, кај местото викано „Мороишки Мост“.

– Три непознати маскирани лица, од кои две вооружени со пиштоли, извршиле разбојништо над двајца вработени во бензинска пумпа. Тие на вработените им ги одзеле чантите во кои имало 32.400 денари, пари од дневниот промет, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука