Охрид, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Непознат сторител ја ограбил рибарницата „Делфин“ што се наоѓа во кругот на зелениот пазар во Охрид.
Како што соопштија од СВР Охрид, кражбата се случила во раните утрински часови, кога сторителот ја скршил помошната врата на дуќанот и влегол внатре. Тој успеал од касата да одземе околу седум илјади денари.
Случајот во полицијата го пријавил сопственикот на рибарницата по што е извршен и увид на местото на кражбата. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 20