Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска е ограбена подружницата на Македонски пошти, лоцирана во близина на Инфективното одделение при Општата болница во Охрид.
Крадците ги искршиле влезните стаклени врати и пребарувале по канцелариите најверојатно барајќи го сефот со пари или пари сокриени по други места во канцелариите.
Вработените кога дошле утрово на работа забележале дека вратите се искршени и веднаш ја алармирале полицијата. (Крај)
извор: ОхридНет фото: архива
Прочитано: 39