јануари 11, 2018

Струга, 11. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 29-годишниот Т.Н. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 29-ти декември минатата година  во угостителскиот објект „Аква блу“ во Струга. Тој, насилно со употреба на физичка сила, го скршил прозорецот, влегол во внатрешноста на објектот и извршил пребарување, одзел еден телевизор по што избегал. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 6.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука