август 28, 2017

Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На повеќе места во Охрид и охридско денеска се славеше празникот Успение на Пресвета Богородица или попознат меѓу народот како Голема Богородица.

Многубројни верници синоќа и денеска го посетија истоимениот храм во Каменско, каде се одржаа вечерна богослужба и света архиерејска литургија. Со свеќи во рацете, верниците и принесуваа дарови и се помолија на Мајката Божја.

kamensko1kamensko2skrebatno2По традиција, најмасовна беше прославата во селото Скребатно. Илјадници верници запалија свеќи и се помолија  во храмот на Пресвета Богородица, а за  сите посетители на прекрасните падини над селото беше поделен и традиционалниот ручек, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Освен во Скребатно, овој голем празник го слават и жителите на селото Пештани и Куратица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука