Охрид, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера се одржа полуфиналето на талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, каде од вкупно 22-ца кандидати беа одбрани најдобрите 7, по принципот 5 кои ги селектираше жири комисијата, а уште двајца кои ги одбра публиката.
Публиката вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ уживаше во изведбата на кандидатите, а за прв пат имаше можност да гласа за својот фаворит.
Жири комисијата ги одбра кандидатите: Емилија Петровска, Ирма Гогова, Андреа Јованоска, Ивана Коскоска и Билјана Буџакоска.
Додека публиката им овозможи на танцовата група „The Passengers“ и Светлана Вељаноска да продолжат во финалето следната недела.
Финалето на Ohrid SUPERSTAR ќе се одржи на 9-ти април со почеток во 10:00 часот во големата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Организаторите на шоуто обезбедија богати награди за учесниците: парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и започнување на Тв и Радио проект.
Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио.
(Повеќе фотографии од полуфиналето можат да се погледнат на официјалната фејсбук страница на шоуто). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес