февруари 11, 2017

Лозана, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Руската атлетичарка Марија Савинова, која во 2012 година на трката на 800 метри, на ОИ во Лондон, го освои златниот медал, остана без него поради користење на недозволени супстанци.

Судот со седиште со Лозана исто така на Савинова и ги избриша сите резултати кои ги постигнала во периодот од 2010 до 2013 година.

Покрај тоа што на руската атлетичарка и се поништени сите успеси и одземени медалите, судот за спортска арбитража и ја потврди четири годишната суспензија, која започна да и важи од 2015 година. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука