Охрид, 28. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со поддршка од Дарко Гелев Брејк и нашиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски, синоќа на Антички театар во Охрид се одржа третиот концерт на оваа локација на одличните Нокаут.
Овој пат со акустично „оружје“, групата исполни дел од нивните најголеми хитови низ годините.
– Кога еднаш ќе настапиш на Антички театар во Охрид, посакуваш повторно и повторно да се вратиш на таа магична сцена. Вечно благодарни и за тоа што слушате македонска музика, ве сакаат Нокаут, порачаа од групата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ламбевски Танче
Прочитано: 124