август 30, 2019

Битола, 30. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Битола синоќа пулсираше во ритамот на фантастичната музика, испорачана во рамките на проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd, како доказ дека добро селектирана и врвна понуда секогаш успева да допре до публиката.

На Ракометното игралиште, од 21:30 часот започнаа да се разлеваат безвременските звуци на музиката која одбележа цели генерации и остави длабок печат во нивната музичка наобразба, но и погледот кон светот. Групата исполни 16 хитови на Pink Floyd, а како и на првиот концерт на „Долни сарај“ и оној на плажата Cuba Libre, настапот беше пропратен и со посебно видео и лајт шоу.

Image may contain: one or more people, people on stage, concert and indoor

Image may contain: 18 people, people smiling, crowd and outdoor

Image may contain: one or more people, people on stage, crowd and night

Image may contain: one or more people, people on stage, concert and crowd

Image may contain: 13 people, people standing and crowd

Image may contain: one or more people

Зад проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

Комплетната фото галерија ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука