октомври 22, 2024

Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Викендов на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржа третиот Куп во гаѓање со воздушно оружје, меѓународна програма, на кој учество зедоа 50-тина стрелци.

Кај нашите стрелци во дисциплината возудушен пиштол за јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК „Лихнидос”, кој со резултат од 539 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК „Охрид“ се пласира на втората позиција со резултат од 530 кругови. Голем резултатски скок имаше младиот Никола Тодороски од СК „Охрид“ во однос на претходниот Куп за цели 22 кругови, со што си обезбеди пласман на третата позиција со резултат од 517 кругови.

Кај сениорите на пиштол, Даниел Михајловиќ од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на втората позиција со резултат од 540 круга, додека неговите клупски другари Ванчо Каранфилов и Велибор Балоски се пласираа на четвртата и петтата позиција со идентичен резултат од 537 кругови (според најдобра последна серија од резултатот). На шестата позиција се пласира Светлан Седмаков од ЖСК „Лихнидос“ со резултат од 514 круга.

Кај јуниоките на пиштол, овајпат пријатно изненадување приреди Наталија Савеска која ја зазеде третата позиција со резултат од 519 круга. Нејзината клупска другарка Стефани Савеска овајпат мораше да се задоволи со четвртата позиција со резултат од 510 кругови. На седмата односно осмата позиција се пласираа Милица Кочовска и Ана Мостро, за која воедно ова е и прв настап.

Кај сениорките во дисциплината пиштол, вицешампионска позиција за тренерот на охридските клубови, Валентина Гоџоска со резултат од 504 кругови.

Кај сениорките на пушка, нов личен рекорд и пласман на првата позиција за Ива Маленко со резултат од 606,3 кругови.

Кај јуниорките на пушка нема место на пиедесталот за стрелците од охридските клубови. Ана Танеска од ЖСК „Лихнидос“ се пласира на 6-та позиција со резултат од 582,6 круга, Теодора Спироска од СК „Охрид“ на 8-та, Драгана Локоска на 9-та позиција. Свој дебитантски настап имаше и малата Ирина Кусева од ЖСК „Лихнидос“ која со резултат од 546,4 кругови се пласира на 11-та позиција пред Деа Стојаноска од СК „Охрид“ и Тамара Кичеец од ЖСК „Лихнидос“ за која истотака ова е прв настап на Куповите во организација на МССФ.

Кристијан Балоски од СК „Охрид“ имаше резултатски пад, во јуниорска категорија во дисциплината пушка се пласира на 7-та позиција со резултат од 570.9 круга.

Стрелците веќе започнаа со подготовки за следното меѓународно натпреварување што ќе се одржи во Благоевград, Бугарија, како и подготовки за големите интернационални првенства во Смедерево, Осијек, Загреб и Белград, што се однесуваат на членовите од охридските клубови во составот на државната репрезентација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука