Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22), Општина Охрид, на 23-ти ноември 2023 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила, Општина Охрид.
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
- Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила, општина Охрид, се определуваат следните: Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид
- За планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила, општина Охрид кој плански документ го донесува Советот на Општина Охрид, донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
- Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(вода, почва, управување со отпад, природното и културно/археолошко наследство и пејсаж).
- Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса: ohrid.gov.mk
- Против ова одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.
Повеќе ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28