Каиро, 02. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Египетскиот суд осуди на смртна казна 183 приврзаници на Муслиманското братство, поради нивната вмешаност во убиството на полицајци, соопштија денеска египетските медиуми.
Тие беа осудени и прогласен за виновни за вмешаност во убиството на 16 полицајци во Кардаш во август 2013 година, за време на насилните протести што се случија откако армијата го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морси.
Од 183 приврзаници на Муслиманското братство, 34 беа осудени во отсуство.
Египетските власти спроведоа остри мерки против Муслиманското братство, кои го поддржаа поранешниот претседател Морси, првиот демократски избран шеф на држава во историјата на Египет. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: freeimages
Прочитано: 33