декември 8, 2019

Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нуркачите од Центарот „Акватек“ продолжуваат со акциите за чистење на дното на Охридското Езеро од ѓубрето, кое неодговорни поединци со децении го фрлаат во водите на езерото.

– Од денешната акција извадени две метални казанчиња од Југословенско производство за тоалет и еден огромен црн најлон. Локацијата беше на околу 200 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри некаде кај Мостот на Желбите и плажата Срјшче. Ке ве замолам, немојте да фрлате отпад во езерото, срамота и греота е… – порача Никола Паскали од Нуркачкиот Центар „Акватек“.

Image may contain: outdoor

Image may contain: shoes, outdoor and nature

Ова е само продолжување на ваквите акции со кои Паскали периодов наназад успеа да го сврти вниманието на јавноста врз заштитата на Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Акватек“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука