Охрид, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Педесетина членови и симпатизери на Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ од Охрид, потпомогнати од неколку охридски компании, денес спроведоа акција за засадување на нови дрвца на место на 15-те садници кои неодамна беа украдени од Спомен паркот на НОВ.
По повод Денот на ослободувањето на Охрид, на 7-ми ноември минатата година, Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“, со своите млади членови, во Спомен паркот на револуцијата ја реализира акцијата „31 туја за 31 паднат борец при ослободувањето на Охрид“.
Од клубот засадија нови садници од видот Eleagnus и јасно порачаа дека „вандалите не можат да откорнат и украдат садници колку што тие можат да посадат“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 45