јуни 15, 2018

Охрид, 15. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид испраќаат повик до охриѓани за учество на протестниот марш кој ќе се одржи во недела, на 17-ти јуни во во Битола.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш стои на браникот и работи за државните и национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ Охрид не го поддржува капитулантскиот договор на Зоран Заев за промена на името кој ги урнисува темелите на државноста на Република Македонија и го загрозува долгогодишното право на самоопределување кое македонскиот народ го има стекнато. Затоа ВМРО-ДПМНЕ Охрид ги повикува сите сограѓани што имаат идентичен став како нашиот, сакаат да застанат на патот на овие погрешни политики коишто Владата на СДСМ ги прави во Република Македонија, сакаат да застанат на патот на ова капитулантско дело да се спроведе во пракса, а истовремено да ги осудат сите погрешни политики на СДСМ да се придружат на протестниот марш којшто ќе се одржи во недела, на 17-ти јуни во Битола со почеток во 13:30 часот. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука