Охрид, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Охрид, во вторникот остварија средба со претставници на ОБСЕ.
– На средбата беше разговарано за актуелните случувања во градот, активностите на партијата и состојбата на Општина Охрид. Исто така, претставниците на ОБСЕ беа запознаени за се` поголемиот притисок врз членовите на ВМРО-Народна партија од Охрид и дејствијата кои локалната власт ги прави врз нив. Сметаме дека меѓународните организации треба да бидат запознаени за демократските капацитети на власта и како таа се однесува кон опозиционерите и кон сите оние кои имаат различно мислење од неа, информираат од партијата. (Крај)
извор: ВМРО-НП фото: архива
Прочитано: 25