февруари 28, 2015

Охрид, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-Народна партија од секогаш ја поддржувала Македонската Православна Црква и секогаш била на нејзина страна. Како демохристијанска партија даваме поддршка за возобновувањето на конаците кај црквата „Св. Богородица Заумска“ кај месноста Заум, информираат од ОК на партијата.

– ВМРО-Народна партија ја поддржува Македонската Православна Црква во ширењето на се што е христијанско. Сметаме дека тоа што таа ги возобновува конаците кои некогаш постоеле на тоа место е подобро отколку атрактивните места да ги зема некој политички моќник или наводни странски инвеститори скриени во маската на светски измамници како што беше примерот со Субрата Рој, стои во дописот до медиумите од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-НП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука