март 15, 2017

Охрид, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на неодамна починатиот некогашен селектор на репрезентацијата на Македонија, д-р Димитрие Поповски, поведена е иницијатива во календарот од Македонскиот куп во далечинско пливање за годинава, покрај трките на езерата Младост, Дојранско и Преспанско, во календарот да влезе и трката на Охридско Езеро на патека од 10 км, која ќе биде насловена „Шкипер“, по прекарот на Поповски.

– Првпат годинава, а во чест на легендата на пливачкиот спорт кај нас, летово во Охридско Езеро ќе биде одржана трка во далечинско пливање. Тоа ќе биде четврта трка во календарот од Македонскиот куп во далечинско пливање. Со оваа трка барем малку ќе му се оддолжиме на човекот што толку многу направи за пливачкиот спорт во земјава, рече Гордана Јанакиевска, портпаролка на ПМФ. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: Нова Македонија

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука