Струга, 27. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Струга свечено ќе биде отворен новиот пливачки базен.
Со ова ќе биде остварено дамнешното ветување дадено на граѓаните. Стружани добиваат модерен и функционален базен на местото каде долги години имаше само урнатини и купишта смет.
Според најавите од неговиот кабинет, на отворањето на базенот ќе присуствува и премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 63