Валона, 5. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Албанија денеска е пуштен за сообраќај тунел долг шест километри, кој го избегнува патот над планинскиот премин „Логара“ и значително го скратува времето на патување од Валона до Дерми, Химаре и Саранда. На свеченото отворање присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Туристите сега полесно ќе можат да стигнат до јужниот брег на земјата. Претходно од Валона до Дерми се патуваше час и 15 минути, а сега времето е скратено за 40 минути.
Најдолгиот тунел во Албанија чинеше околу 140 милиони евра. Покрај главниот тунел, изграден е и паралелен тунел кој ќе се користи за итни случаи.
Според најавите, тунелот ќе работи во текот на летната сезона, а во септември повторно ќе биде затворен за да се изведат некои недовршени работи.
На свеченото отворање присуствуваше премиерот на Албанија Еди Рама, придружуван од министерката за енергетика и инфраструктура Белинда Баљуку. (Крај)
извор: kosovo-online.com фото/видео: kosovo-online.com